Основното Училиште Драга Стојановска од Скопје

Основното Училиште Драга Стојановска од Скопје е основано на 15.10.1945 година од МНОО на с. Ракотинци како осумгодишноучилиште „Кочо Рацин ― село Ракотинци. Со Решение бр.239 од 28.02.1977 година од Собранието на Општината Кисела Вода дадена е согласност на Одлуката за спојување на ОУМаршал Тито с.Нова Брезница кон ОУ Драга Стојановска ― с. Ракотинци во едно централно училиште со 14 подрачни училишта.

Низ училишните клупи поминале голем број на генерации во Основно Училиште Драга Стојановска. Растат, се описменуваат, ги совладуваат содржините од наставните подрачја. Учат да се дружат, да бидат дисциплинирани, да почитуваат и бидат почитувани, да спортуваат, да пеат, да глумат.